Телефон за контакт 078/849/708 ( може и на Вибер ). Изработка на базична- суштинска Натална Карта по цена од 1200 денари. Ја изработуваме на 1215 страни ( зависно од лицето кон кое е наменета ) и ви ја испраќаме на мејл максимум 3 дена откако ќе ја нарачате. Сами го бирате начинот на плаќање ( на транскациска, во кеш ). Изработуваме и Транзитна Натална Карта ( месечна-годишна ) по иста цена со иста процедура. Ако се нарачаат двете заедно ги имате за 2000 денари

Секоја особа има една Единствена Натална Карта. Не постојат две исти. Како што секое Око ( огледало на душата ) е уникатно и единствено во универзумот. Натална Карта е претставување на состојбата и позицираноста на ѕвездите во моментот на вашето раѓање. Тоа значи дека кога се случил првиот отчук на вашето срце ( воедно и првиот плач ), во тој момент ѕвездите сопираат. Тоа е нано секунда. Тоа неможе да се изброи или види. Тоа е невидлив духовен канал во кој се извршува невидлива трајна ( земно животна ) фотографија.

Да ! Сигурно ве чуди ова. Го читате на Православен Портал кој се декларира себеси како Прв Македонски Анти-Медиум. Па нели Астрологијата е забранета !? Па зошто барате пари !? Ваквите подпрашања одат во недоглед. Едноставно може да немаат крај. Интересно е тоа што навистина буквално секоја особа има скриена желба да си ја прочита својата Натална Карта. Дали ова може да се нарече болна страст !? Хмм… Или е сепак нешто друго !?

Најпрвин да разјасниме нешто. Непоткрепеното читање ѕвезди како и самиот брендиран инструмент т.н Хороскоп и Астрологијата како мудрост се две различни работи. Христос сепак никогаш не говорел против оваа мудрост ниту против било која мудрост. Православието се вели дека е Премудрост. Често, нема потреба од мудрост за да се дојде до Премудрост, но често има. На крајот тоа е личен избор зависно личносната определба, волја, слабости, особини преку кои се разликуваме ние луѓето. Сите сме различни, но сепак исти. Исти, бидејќи на крајот сепак сме обединети во духот. И тоа треба Свесно да го правиме ( употребувајќи ја свесноста за таквото постоење ). Светиот Апостол Павле и после многу од Светиите, како и во самите Канони е запишано дека тоа не е добро. И да. Апсолутно не е добро. Замислете Свет во кој секоја индивидуа е предадена на тоа што е запишано во наталниот свет. Но, астрологијата сепак не е тоа. Астрологијата како и секоја мудрост, наука, дисциплина до ден денес има доживеано енормна експанзија, трансформација и еволуција. Таа не е онаа истата на оние гатачи во тие доби. Иако како таква постои и до ден денес. И Црковните Списи и Чиновнички места можат да бидат мрачни. И се може да биде мрачно. Но, опозит од тоа е токму Свето-отечката филозофија и мисија. Тоа е токму Христос. Да ги осветуваш работите. Тој почна со Крстот. Светите Отци продолжија со Античките филозофии и мудрости на Аристотел, Сократ и слично. Денешните Руски Теолози продолжуваат во САД. Веќе разбираме дека Малото Стадо за кое говори Христос е многу поинакво од тоа што мислевме. Разбираме дека многу духовни учители и лидери во сите Топ 5 религии го говорат истото.

Мораме да знаеме дека Христос Спасителот односно Исус Синот Божји беше најавен на овој начин, преку тројцата мудрејци кои го знаеја ова први после Богородица преку Витлеемската Ѕвезда. Тоа беше ѕвездата Северница односно Планетата Венера. Иако астрологијата се води како забранета, мораме да знаеме и дека додека Религиозните Лидери ( Евреите ), чија и беше тогашната монотеистичка религија и чиј беше Мојсиевиот Закон ( кон кого се предаваа и срдечно му се поклонуваа ) и го исчекуваа Спасителот, сепак не го препознаа Христос. Но, го препозна пророчицата која читаше Ѕвезди.

Мораме да знаеме дека духовно гледано ( астрологијата е иста така духовна дисциплина ), и низ призмата на Православието постои Бог како Пантократор односно Цар на Универзумот и трите неба и жител на истиот како и надвор од сиот универзум, и постои Космократор односно Ѓаволот. Оттука е заклучокот дека астро-светот е свет на ѓаволот. Но, така просто речено навистина плаши. Бидејќи нема место во универзумот каде го нема Бог. Симболиката вели дека Сатаната кога паднал, не паднал сам. Паднал со сите ангели ( ѕвезди ) кои го поддржале и го формирал космосот. Неговите дела се т.н небесни тела, на кои има материјали. Материјалниот свет е негов. Мракот на нив. Пустелијата. Оддалеченоста. И преку тоа лажната енергија. Тоа преку Астрологијата е длабоко и многу добро објаснето. Мораме да знаеме дека Бог е Алфа и Омега или Почеток и Крај. Тоа измеѓу е таа линија од отсечката или нашиот пат, нашите борби во животот, искушенија и слично. Се вели исто и дека тоа што го спојуваат ѕвездите, Бог може да го раздели, и обратно тоа што го раздвојуваат ѕвездите, Бог може да го спои ако тоа е по Негова Волја. Таму каде што ние ставаме или ѕвездите ставаат точка, Бог става запирка.

Дозволете ни да ви изработиме Натална Карта на наш уникатен начин. Низ Призмата на Православието во овој контекст, каде детално ќе ви ги објасниме сите планети, нивното движење, позиции, аспекти, транзити. Што значат сите овие. Како тоа треба правилно да го читате, како тоа треба да ви помогне и како да го правите сето тоа со Бог како Алфа и Омега односно со умот спрема Христос и буквално да го правите тоа од срце а не со страв. Како да ви биде наталната карта прирачник кој ќе го надополни она што не ви е јасно од Светото Писмо или прирачник кој самото Свето Писмо ќе ви го надополни. 

 

547 Прегледи