Еден од најголемите умови (ако не и најголем) Никола Тесла, бил свесен дека со раст на популацијата ќе се појави и голем човеков проблем со исхраната. Па тој уште од тогаш барал начини да ја поврзе науката со исхраната.

Уште во 1900-та година, тој почнал да се буни против производството на генетски модифицираната храна. Недостатокот на храна, кој предизвикува глад и сиромаштија е едно од најголемите зла – се зборовите на Тесла од пред 118 години.

Наводно, во 2000-та година Обединетите Нации  донесоа декларација со која беше решено да се стави крај на гладта во светот. Да, бројките се намалени минимално, но во светот има повеќе од 900 милиони луѓе кои сеуште гладуваат.

Но, Тесла не мислел на апсолутен недостаток на храна, туку само на недостаток на здрава храна, добра и обилна храна, како и чиста вода за пиење, за која мислел дека може да се добие со усовршување на електрични уреди кои на ефтин начин би произведувале озон, како идеално средство за дезинфекција.

“Производството на вештачка храна ќе има катастрофални последици за човекот и ќе биде погубен експеримент за сите. Човечкиот род претставува резултат на постојана вековна адаптација, а производството на вештачка храна ќе предизвика катастрофални последици.”- изјавил Тесла.

Затоа Тесла се залагал, на прво место, да ја зголеми плодноста на обработливото земјиште и заштитата на шумите, бидејќи земјата не може бескрајно да дава живот, по што побарал начин да се додадат супстанци во истата кои од нив ги земаат билките. Тој мислел на азотни соединенија кои во нашата атмосфера треба да „оксидираат и да ги прозведеме“.

108 Прегледи