Виенската филхармонија има своевидна традиција на одржување грандиозен концерт на класична музика секој прв ден од Новата година, меѓутоа малкумина знаат како настанал овој обичај, па сметаат дека се работи за традиција стара неколку векови. Фактите сепак говорат дека концертите почнале за време на нацистичкото владеење и тука лежат мрачните тајни на овој концерт, пренесува BBC.

Овие концерти се проект на Јозеф Гебелс, германски политичар и канцелар, а првиот настап е одржан на новогодишната вечер 1939 година, со цел да се соберат парични средства.

Ова беше план на Хитлеровата Националсоцијалистичката партија, со собраните средства да се набави гориво за студените месеци. На програмата на филхармонијата биле композиции од Јохан Штраус, па организирањето на гала концерт на Штраусовата музика е директна иницијатива на нацистите, кои планирале преку ваквите настани да обезбедат обединување на Третиот Рајх преку создавање своевиден дух на заедништво.

Затоа и одлучиле концертот да се одржува секоја година на новогодишната вечер, како и првиот ден на новата календарска година. Со оглед што станало јасно дека војната ќе потрае, се сметало дека нумерите како „На убавиот син Дунав“ го подигаат моралот на војската, но и на нацијата.

Кога се разбрало дека Штраус имал еврејски корени, Гебелс се потрудил тоа да биде премолчено, во што успеал. По завршувањето на војната, многу работи што биле поврзани со нацистите се промениле, но една сепак останала иста. Концертот сè уште се одржува секоја година.

Но, тука не е крајот – приказната добива уште помрачен заплет!

Уште една работа што фрла сенка врз Виенската филхармонија е фактот што во шеесеттите години од 20 век, Филхармонијата му укажала голема чест и му доделила одликување на Балдур вон Ширах, нацистичкиот гувернер на Виена, веднаш по излегувањето од затвор по дваесетгодишната казна заради депортацијата на неколку илјади Евреи.

Тој е награден со престижен прстен на филхармонијата во 1942 година, што го изгубил во воениот виор, па по отслужената затворска казна во Шпандау за злосторства во Втората светска војна, тој бил повикан во филхармонијата, при што му била врачена замена на одликувањето од 1942.

Кога јавноста дознала за овој срамен чин на една од најистакнатите австриски институции, тие биле принудени да ги отповикаат и да ги повлечат одликувањата доделени на шест нацистички офицери, а традицијата на концертите опстојува и денес…

Via Fakulteti

214 Прегледи