Дури 40% од луѓето во светот имаат недостаток на магнезиум во телото, кој е многу важен минерал што е одговорен за повеќе од 300 биохемиски функции во организмот.

Тој игра многу важна улога при спречување на сериозни здравствени проблеми. Спанаќот е тука убедливо најдобриот претставник кој можеме да го одвоиме. Вкусен е, ефтин, лесно достапен, прилагодлив за многу рецепти. Една чаша спанаќ содржи повеќе од 150 милиграми магнезиум, што е повеќе од доволно за едно тело да биде снабдено со потребните витамини и минерали и правилно да функционира.

Најновите студии покажаа дека јадењето на храна богата со магнезиум, помага значително да се намали можноста за развивање на едни од најчестите болести на денешницата. Шансите за развој на срцевите заболувања, мозочните удари и дијабетес се намалуваат за дури 20%, доколку конзумирате храна која е богата со магнезиум.

148 Прегледи