Почитувани Браќа и Сестри во Христа  

Со најголема радост и задоволство повторно ве покануваме на прекрасно поклоничко патување на СВЕТИ ВАСИЛИЈ ОСТРОШКИ.

1 Ден (Петок) 30.03.2018: Скопје

Состанок на групата во 22.00 часот, на паркингот на Хотел Вип. Поаѓање кон Подгорица. Ноќно возење.

2 Ден  ( Сабота ) 31.03.2018: Подгорица – Острог

Пристигнуваме во претпладневните часови во Дајбабе, манастир во близина на Подгорица. Разглед на Манастирот и Манастирската Црква која е издлабена во камен во форма на Крст во која се наоѓаат моштите на Св. Симеон Дајбабски и чудотворната Икона на Пресвета Богородица се до пладне кога продолжуваме кон Острог. Пристигнуваме попладне. Сместување во конаците на Горниот Манастир ( или во дворот на Горниот Манастир каде е попријатно за спиење ) или во конаците на Долниот Манастир со доплата од 5 евра по лице за место ( кревет ) во Манастирот. Поклонување на моштите на Свети Василиј Острошки. Во вечерните часови присуствуваме на вечерна молитва во Горниот Манастир до 22.00 часот кога се гасат светлата. Ноќевање.

3  ( Недела ) 01.04.2018: Острог – Цетиње – Данилов Град – Скопје

Сабајлето во 06.00 часот присуствуваме на утринска литургија. По литургијата околу 10.00 часот поаѓаме кон Цетиње ( ако е прооден патот ). Во Цетиње го посетуваме Цетињскиот Манастир. Три Големи Христијански Мошти се наоѓаат во Цетињскиот Манастир. Тоа се: РАКАТА НА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ, Честица од СВЕТИОТ КРСТ и Икона на Пресвета Богородица. Првите две се чуваат во Манастирот Цетиње, а третата во Сината Капела во зградата на Домот на Владата. Посета и во Манастирот ЖДРЕБАОНИК, каде се чуваат Моштите на СВЕТИ АРСЕНИЈ СРЕМАЦ, дел од моштите на СВЕТИ СЕРАФИМ САРОВСКИ, СВЕТА ФЕВРОНИЈА и други. БОНУС ПОСЕТА НА ВЕЛЕЛЕПНИОТ СОБОРЕН ХРАМ ВО ПОДГОРИЦА и мала прошетка низ Подгорица. Околу 15.00 часот се упатуваме кон Скопје, пристигнуваме на полноќ.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ИЗНЕСУВА САМО 2000 ДЕНАРИ.

Во Цената на аранжманот е пресметано :

  • Пат на наведената релација со автобус.
  • Разглед на Манастирите опишани во програмата, организација и реализација на патувањето.
  • Читање на поучни Православни Четива и Веронаука.
  • ПОДАРОЦИ: БРОЈАНИЦА, МАЛ МОЛИТВЕНИК, КНИГА ЖИВОТОТ И ЧУДАТА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА И ДВД/ЦД ( ПРАВОСЛАВНИ ФИЛМОВИ/ЦРТАНИ/ПЕЕЊЕ ).

Во Цената на аранжманот не е пресметано :

  • Патничко осигурување.
  • Трансфер до Горниот Манастир околу 1 евро.

Напомена: За реализација на програмата потребно е да има 40 особи. Пријавување најкасно до 28.10.2017 г.

ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ –  МАРКО, МОБ. : 078/849 – 708

ГОСПОД БОГ ИСУС ХРИСТОС И ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ДА БИДАТ СЕКОГАШ СО ВАС!!! 

ПОСЕТЕТЕ ГО ЧУДОТВОРНИОТ ОСТРОШКИ МАНАСТИР (ФОТO + HD ВИДЕО)

13831 Прегледи