Потенцијалната опасност за животната средина се огледа во неконтролираното расејување на генетички модифицираниот материјал, што би можело да доведе до уништување на конвенционалните земјоделски култури.

Во меѓувреме дознаваме дека во Македонија и досега било откриено присуство на ГМО во увезена храна од ЕУ. Направени се испитувања со студентите на студиската програма „Квалитет и безбедност на храната во нашата земја“ и со квалитативна анализа е откриено присуство на ГМО кај добиточна храна што е увезена од земја-членка на ЕУ. Надлежните институции, особено инспекциските тела, треба постојано да спроведуваат надзор и мониторинг на храната што се увезува или се произведува во нашата држава. Примероците треба да бидат анализирани во референтна лабораторија, а анализите треба да бидат сеопфатни за подобрување на безбедноста на храната и добиточната храна, а истовремено и за заштита на потрошувачите.

На Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје постои овластена лабораторија за ГМО во која може да бидат направени квалитативна и квантитативна анализа на примероците од храна и храна за животни.

Сите производи што содржат ГМО треба да бидат јасно означени на декларацијата, со што потрошувачите и фармерите ќе бидат информирани и сами одлучуваат за употребата на храна од ГМО.

Според експертите, во Македонија веќе има ГМО, но проблем е што никој не знае за тоа. Како недостаток се посочува и немањето соодветна опрема за да може да се анализира дали и колку еден производ содржи ГМО. Од земјите во соседството, Бугарија донесе закон што дозволува одгледување ГМО, но под притисок на јавноста се откажа од него. Во Унгарија нема такво нешто, а во Хрватска е забрането. Во Романија има неколку илјади хектари со ГМО-култури.

Доколку сте дел од борбата против ГМО-то и ви се допаѓа некој од нашите дизајни, нив во секое време може да ги порачате на овој ЛИНК.

3948 Прегледи