Според најновото истражување, децата кои превише од своето време го поминуваат пред паметните телефони, се понесреќни од другите!

За сето тоа да се промени, на децата е пожелно да им се забрани толкава опседнатост со телефоните и најубаво е да се практикуваат прошетки и дружби (семејни и со деца на нивна возраст), а секако и спортови со цел да имаат повеќе интеракција со луѓе и секако да се оттргнат од многу часовното седење пред телефонот.

Совети за “дигитален детокс”

  • Заменете го времето поминато пред телефон со забавни активности (возење на велосипед, тротинет, ролерки се едни од најприфатените забавни активности кои децата ги прифаќаат и уживаат со целото срце)
  • Исфрлете ги екраните од спалните соби (не дозволувајте зрачењата да ви го нарушат циклусот на спиење)
  • За време на оброците не употребувајте мобилни (квалитетното време поминато на семејната трпеза најубаво се реализира без телефоните)
  • Постепено намалувајте го време на седење пред екраните
  • Бидете пример за вашите деца (почнете со промената токму од вас)
221 Прегледи