Обединувањето на Руската православна црква со Римокатоличката би било чудо Божје кое тешко дека ќе го дочекаме, изјави патријархот московски и на цела Русија Кирил.

Патријархот Московски и на цела Русија Кирил смета дека обединувањето на Руската православна црква со Римокатоличката би било вистинско чудо и дека е тешко да се поверува дека неговата генерација ќе доживее такво нешто.

„Ако зборуваме за обединување на РПЦ и РКЦ, тоа би било Божје чудо, доколку некогаш го доживееме тоа. Се сомневам дека ќе бидам сведок на тој настан, но можеби некој и ќе го дочека тоа“ рече патријархот Кирил.

Тој нагласи дека црквите не можат да се зближат ниту да се обединат со договор меѓу поглаварите. „Ќе отидам уште подалеку, црквите не  можат да се обединат дури и ако целокупната хиерархија (православната и католичката) се договорат за тоа“, рече патријархот Кирил.

583 Прегледи