Константинополската Патријаршија наскоро ќе им дозволи на свештениците да се преженат, пишува Ромфеа. Официјален документ ќе биде испратен од патријархот Вартоломеј во кој ќе бидат објаснети условите под кои сега ќе им биде дозволено на свештениците втор брак.

Според документот, само на вдовиците ќе им биде дозволено да се преженат, додека свештениците кои сакаат да влезат во втор брак со доброволно напуштање на брачниот другар нема да добијат таква дозвола.

228 Прегледи