ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ: Марко– мобилен телефон 078 849 708

Цената на Аранжманот изнесува само 59 евра ( 3600,00 денари ) 

Цената на Аранжманот опфаќа :

  1. Превоз со современ туристички автобус
  2. Сместување во апартхотелот Кател ( две вечери ) во двокреветни и четворокреветни соби.
  3. Услугите на придружниците на групата и претставниците на агенцијата за време на престојот
  4. Трошоци за организација на патувањето
  5. Посета на манастирите Свети Давид, Свети Јован Руски во Прокопиев и Света Петка во клисурата Темпи
  6. Превоз на релација Глифа-Агокампос
  7. ИЗНЕНАДУВАЊЕ – СПЕЦИЈАЛЕН ПОДАРОК ЗА СЕКОГО ( ИКОНА,КНИГА,БРОЈАНИЦА И СЛИЧНО)

ПРОГРАМА

1.Ден 30.06.2018 ( Петок ) Скопје – Евиа

Тргнување од Скопје во 01:00 часот од пред паркингот на Хотел Русија. Патување преку преминот Богородица низ Грција со кратки попатни застанувања за одмор. Во утринските часови пристигнување на местото Глифа. Качување на траект. Возењето трае 30 минути. Симнување во местото Агокампос. Продолжување на патувањето кон Едипсос. Сместување на групата во хотелот Кател. Краток одмор. Запознавање со местото. Слободно време. Ноќевање.

2. Ден 01.07.2018 ( Сабота ) Евиа – Манастир Свети Давид – Едипсос

Посета на манастирот Св. Давид, кој е четврти по значење на манастирите во цела Грција, после манастирите на Света Гора, Метеорите и манастирот на Свети Јован Руски. Преподобниот Давид го основал манастирот во 16 век, кој сега го носи неговото име, на рушевините на претходната црква која ја уништиле турците по напуштањето на Евиа. Свети Давид заштитникот на островот Евиа, познат е по своите исцелителни и пророчки способности. Го оставил зад себе манастирот чија црква е посветена на Преображението, која секојдневно прима голем број верници од цела Европа. Враќање во Едипсос. Можност за користење на плажите со минерални води. Ноќевање.

3. Ден 02.07.2018 ( Недела ) Едипсос – Свети Јован Руски- Манастир Света Петка – Скопје

Ослободување на хотелот. Тргнување кон градот Прокопиев каде се наоѓа црквата со моштите на Свети Јован Руски. Тука е сместено нераспаднатото тело на светецот кое е пренесено од местото Прокопиев во Русија, во местото Нова Прокопиа на Едипсос. Потоа тргнување кон Темпи, каде се наоѓа манастирот и пештерата на Света Петка каде престојувала по враќањето од Мала Азија. Тука се наоѓа и пештерата со изворот на света вода која помага во подобрување на видот на верниците. Тргнување за Македонија и пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ: Марко- мобилен телефон 078 849 708

Моштите на Свети Јован Руски на островот Евиа се Чудотворно-Исцелителни !!!

Остров Евиа – Меѓу Каваларис и Хирон Орос се наоѓа спасениот Манастир посветен на Свети Давид

Евиа – Едипсос ( Остров на чудотворни манастири ) – Првата Грчка Бања во комбинација со море

Фотографии и Информации за Хотелот Лито каде ќе се сместат оние кои ќе одат на Островот Евиа ( Едипсос )

814 Прегледи