Посетете го Чудотворниот Острошки Манастир (Фотo + HD Видео)

На помалку од 90 километри од Требиње и само еден час и половина со автомобил се наоѓа еден од најпосетените светилишта во православниот свет – манастирот Острог. Треба да се каже дека ова е една од најпосетените туристички дестинации во Црна Гора, но сигурно значењето е многу повеќе од тоа.

Манастирот Острог плени уште кога го гледате од далеку додека се искачувате по планинскиот предел се додека не се доближите целосно до него, а тоа се должи на неговата местоположба каде е вдлабнат во голем камен ѕид во Бјелопавличкиот Острошки рид со поглед на долината Зета, која го привлекува вниманието на целиот пат од Никшиќ, до Даниловград и Подгорица. Од крстосницата во Богетичи, петнаесетина километри од Никшиќ, тесен, кривулест пат, на оддалеченост од неколку километри води до дното, а потоа 77 чекори низ шумата до врвот на манастирот, најимпресивниот дел од оваа аџилак – дестинација. Делот од главниот пат не е идеален, но во последниот период се има направено многу за неговото уредување, а денес тој е, секако, многу подобар отколку пред неколку години, со зголемена трговија, туризам и нови постојки по должината на патеката.

Познато е дека манастирот бил изграден во 1666 од страна на Архиепископот-Василиј Јовановиќ, подоцна наречен и канонизиран како Свети Василиј Острошки, чии мошти почиваат во горниот манастир. Свети Василиј Острошки е роден во селото Мркоњиќ во Попово Поле на 28 декември 1610 година, и се здоби со световното име Стојан. Штом се замонаши во манастирот Завала во областа Попово, дел од неговиот монашки живот го поминал во Требиње и Тврдошкиот манастир.

Овој светител и неговата чудесна моќ на неговите свети мошти добиваат почит не само од православните верници, но исто така и од многу други вероисповести (особено од земјите на поранешна Југославија) ​​секој ден во потрага по благослов на Свети Василиј го посетуваат манастирот, за кој се верува дека е третиот најголем посетен меѓу православните храмови во светот (после Христовиот Гроб во Ерусалим и Света Гора).

Секако, овој манастир вреди да се посети секогаш кога можете, бидејќи колку пати можете да се вратите повторно ќе ве инспирира со позитивна енергија и сила и ќе ве исполни со Божјата Христова Благодат како ниедно друго место.

За повеќе информации кликнете тука.

 

383 Прегледи