Да ! Лионел Меси и Кристијано Роналдо се најголемиот и веродостоен показател, дека аурата на Старите Грци и славни воини Хектор и Ахил уште живее. Не говориме за реинкарнација. Туку за инкарнација на една човекова генетска лоза и сам еден човечки код. Кој знаеме како постана со мани и ја изгуби совршеноста. Повторуваме не говориме за реинкарнација ниту пак дека се директни нивни потомци. Туку само аурално.

Хектор и Ахил… Извонредни човечки профили за изучување буквално од страна на претставници од сите сфери на општеството. Вечните ѕвезди. Можеби токму поради фактот што и двајцата се бореле со сите свои сили и со цел арсенал на сопствените ресурси и предости да се живее совршен живот. Да се остане запишан во историјата. Во никој случај за ниедно време неможеме, ниту пак смееме да судиме но сепак ајде да расудуваме. За тоа време како дури да не можеме да говориме кој е добар а кој е лош. И двајцата се генијални, мудри, храбри а воедно со многу мани и грешки.

Хектор – Постар син, племенит, семеен, женет, сопруг, татко, целиот фокус го троши на тоа да биде совршен во сите улоги кои му се препишани од тогашните како што тој верувал Богови. Тој верувал дека тоа е нивна промисла и не смее да ги изневери. Верувал дека има капацитет, дека е избран да биде достоен во сите сфери. Дисциплиниран, талентиран природно, одличен сопруг, син, брат и татко. Но љубовта кон природните нешта го прави сентиментален, кршлив и погрешлив. Погрешлив во тоа што му било припишано. Ја губи контролата врз својот брат, дента кога покажува неверојатни дипломатско – миротворни способности. Непосредно по спогодбата и доаѓањето дома во Троја се случува историско-епската битка а тоа е Тројанската битка. Неговото семејство поточно неговиот брат го посрамува не само со тоа што невнимателно прави војна туку поради тоа што одбива двобој. Хектор е засрамен од сопствената лоза за прв пат во својот живот. Засрамен од оние за кои живее. Набргу после покажувањето на своите воинствени перформанси тој доживува уште еден срам а тоа е смртта во својот дом пред очите повторно на оние за кои живее. Тој сепак ги изневери.

Ахил – Неженет, ниту татко, ниту пак син, класичен индивидуалец, номад, без постојано место на живеење, без припадност кон некаков народ или нација, не живее за никого. Живее исклучиво само за слава во константен бунт против небото. Фанатик, не трпи, ниту пак доживува пораз. Брз, атлетски предиспониран, агилен, дисциплиниран, со тотален распоред на живеење.  Пишува историја со своите победи и исклучителни воинствени квалитети. Војува индивидуално како специјален убиец во дипломатските малверзации, за само еден возврат пари и слава. Го убива на далеку прочуениот прибран Принц од Троја. Го срами пред очите на Тројанската јавност. За на крајот да биде погоден во петата која се покажала како негова слабост и тоа токму од братот на Хектор, Парис.

Меси – Дефинитивно во него е аурата на Хектор. Но имаме нешто и на Ахил. Поради фактот што е невозможно да се отслика целосно аурата. Секое битие има оригинален дух. Но го имаме Меси како женет, одличен сопруг и син, одличен татко. Дисциплиниран, талентиран. Дипломатските квалитети и сета воинственост на Хектор како племенита особа ја докажува идентично само во обликувана модерна форма на фудбалот во дресот на Барселона. Симбол е за мир. Верник кој константно се заблагодарува на Божјата промисла низ неговата Баба за тоа што е. Сентиментален на семејството. Но повторно како Хектор , кршлив на тоа прашање каде ја губи контролата во преголемата доверба. Меси беше и уште е засрамен од своето семејство поради криминалите со кои се занимаваат неговите браќа и татко. Тие дури одбиваат да го заштитат него и да ја сносат целосно сами свесно и одговорно својата грешка како достоинствени католици, аргентинци и лоза Меси. Разликата помеѓу Меси и Хектор е само тоа што Меси е жив и единствената сличност во финалната споредба би била доколку тој заврши во затвор или доколку му бидат одземени можеби 1-2 Златни Топки и доделени на неговиот конкурент.

Роналдо – Неженет, класичен индивидуалец но сепак татко. Но татко на уникатен начин. Тотално не-племенит. Оригинален негов во склоп на модернизмот и неговата професија. Татко кој ја отфрлува мајката на своето чедо. Но како и Ахил има свој мотив, идеал и објаснување зошто е тоа така. Иако живее во Мадрид како за постојано место за живеење, Роналдо е номад но модерен. Патува, се рекламира, остава трага и печат. Го бара тоа и го бараат за тоа. Португалец за чиј татко има сожалување како Ахил за својот што бил смртен. И докажува константно на мајка си дека ќе зажалела ако го абортирала. Исто како Ахил кој константно љубовта ја искажувал кон Хера со гнев и лутина и некакво докажување. Живее за слава и да испише историја. Не го плаши ниеден противник. Дисциплниран со посебен распоред и рутина. Агилен, брз, атлетски предиспониран. Дополнителен предизвик му е ликот и делото на Меси. И кога сите мислеа дека не му е ни до раменици пред се како човек, тој речиси го стигна на професионален план ако не и го престигна а и стана и татко. За да бидат уште по слични во финалната споредба би требало да знаеме кој ќе го погоди во петата. Тоа би требало да биде еден од браќата или таткото на Меси во некаква маркетиншко бизнишка варијанта и форма на срам и гонење. Во овој случај како што Меси има нешто што го има Ахил така и Роналдо има нешто што го има Хектор. Па таа слабост и брат немора да биде со презиме Меси туку едноставно братот на Роналдо, за кого видна била во некои наврати неговата кршливост за неговиот начин на живот за кого се тврдеше дека се променил. Тоа може едноставно да бидат и жените особено Ирина. Ако петата му е Ирина, во тој случај Парис би бил Бредли Купер и сите после него а тоа е многу болно.

 

2046 Прегледи