ПРОСЈАКОТ КОЈ ГО МРАЗЕЛ БОГ

Некогаш одамна, уште додека фараоните со своите бојни коли сееле страв на земјината топка, Аврам ги водел своите стада по брдовитите пасишта на истокот .

Tака една вечер, откако ги подигнал своите шатори, спремајќи се за почивка, наишол некој питач. Аврам, како што му доликува на Божји човек, веднаш го поканил питачот на вечера.

Но, штом го донеле јадењето и откако ја измолиле благодарствената молитва, питачот почнал да го пцуе Бога .

„Не го поднесувам Божјото име“, рекол питачот.“ „Го мразам!“

Аврам веднаш пламнал со жесток гнев и го истерал богохулникот надвор.

Питачот отишол со пцости и проколнувања. Се растрчале слугите, се вознемириле овците. Настанало викање и кавга.

Доцна во ноќта, откако мешаницата завршила и сè пак било на свое место, Аврам, уморен и силно повреден, се повлекол на спиење.

Не можејќи да заспие заради навредата која е нанесена на Бог, станал, ги раширил рацете и започнал молитва. Тогаш го чул гласот Господов:

„Педесет години тој човек ме пцуел и нагрдувал, а јас секој ден сум му давал храна.

Не можеше ли ти да го истрпиш во тек на еден оброк?”

Извор: ”Светосавско звонце”

Покајание.мк

391 Прегледи