Да се споменеше вакво нешто пред 20 тина години, сите ќе ги асоцираше на сцена од некој Sci-Fi филм. Но веќе во ера на волку развиено технолошко општество, ова и не е некој новитет и беше прашање на време кога ќе се реализира ваков проект.

Seasteading Institute, компанија од Сан Франциско е таа која ќе го изработува овој проект. Пред некое време почнаа со тест близу Француска Полинезија, кој добро помина и даде зелено светло за замисленито проект.

Секако, овој проект нема да биде ефтин. Се проценува дека за старт ќе чини околу 200 милиони долари, но со тек на време таа сума може да расте. Интересното е што сопственикот на оваа компанија Joe Quirk, се надева дека со почеток на еден ваков пловечки град, ќе може со тек на време да се создаде и држава, за која се надева дека ќе биде различна и нема да важат законите кои ги наметнува глобалната елита.

“Владите не стануваат подобри, туку полоши. Овој систем во кој живееме сега едноставно не е добар и мора да се стави крај на тоа. Тоа е така бидејќи мајката природа преку земјата нуди монопол кој овие владеачи од сенка можат да го контролираат и да доминираат. Пловечките градови веќе не се концепт од Sci-Fi филмовите, па така се надевам дека токму оваа наша идеја ќе помогне на луѓето барем малце да најдат спас од тиранијата која ја доживуваат во ова стресно општество”- изјави за крај Quirk.

451 Прегледи