Високо-технолошкото оружје кое е направено во Русија е недостижно за другите земји, изјави претседателот Владимир Путин.

Долго време работевме на него, ако ви текнува јас за прв пат тоа го споменав во 2004-та година, а сега сме 2018-та. Знаеме дека и другите земји пробаа да не копираат и да го направат истото, но никогаш не успеаа.

Рускиот лидер изјави дека Русија успеала да развие целосно нови системи на вооружување, а ласерското оружје кое Русија го има е научна фантастика за сите други земји.

Исто така вреди да се напомене и хипер-соничниот ракетен систем “Авангарда”, кој според Путин, кога е активен и во лет личи на метеор. Путин не ја исклучи можноста напредокот од војната технологија да го искористи и во цивилната индустрија.

435 Прегледи