За оваа паштета од ореви и маслинки ни се потребни следните продукти:

  • 300 грама маслинки
  • 150 грама ореви
  • 1 лажичка сенф
  • 1 лажица кечап (домашен по можност)
  • 3 чешниња лук
  • 2 лажици сусам или таан
  • 1 пиперка
  • зачини по желба

Начин на подготвување:

Маслинките без семки се ставаат во блендер заедно со претходно мелените ореви, сенфот, кечапот и лукот. Се додава и претходно сомелениот сусам. Сето ова се блендира додека не се добие смеса со густина како паштета. Доколку е мнго ретка смесата додадете презла, а доколку е многу густа додадете вода. Толку е просто и едноставно, а верувајте вкусот е извонреден.

218 Прегледи