Почитувани Браќа и Сестри во Христа (15.06 – 17.06) 2018 г.

Со најголема радост и задоволство повторно ве покануваме на прекрасно поклоничко патување на СВЕТИ ВАСИЛИЈ ОСТРОШКИ ( Со Благослов од Духовен Отец ).

ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ –  МАРКО, МОБ. : 078/849 – 708

1 Ден 15.06.2018 г.(Петок): Скопје

Состанок на групата во 22.00 часот, на паркингот на Хотел Вип. Поаѓање кон Подгорица. Ноќно возење.

2 Ден 16.06.2018 г. ( Сабота ): Подгорица – Острог

Пристигнуваме во претпладневните часови во Дајбабе, манастир во близина на Подгорица. Разглед на Манастирот и Манастирската Црква која е издлабена во камен во форма на Крст во која се наоѓаат моштите на Св. Симеон Дајбабски и чудотворната Икона на Пресвета Богородица се до пладне кога продолжуваме кон Острог. Пристигнуваме попладне. Сместување во конаците на Горниот Манастир ( или во дворот на Горниот Манастир каде е попријатно за спиење ) или во конаците на Долниот Манастир со доплата од 5 евра по лице за место ( кревет ) во Манастирот. Поклонување на моштите на Свети Василиј Острошки. Во вечерните часови присуствуваме на вечерна молитва во Горниот Манастир до 22.00 часот кога се гасат светлата. Ноќевање.

3 Ден 17.06.2018 г. ( Недела ): Острог  – Данилов Град – Скопје

Сабајлето во 06.00 часот присуствуваме на утринска литургија. По литургијата околу 10.00 часот поаѓаме кон Манастирот ЖДРЕБАОНИК, каде се чуваат Моштите на СВЕТИ АРСЕНИЈ СРЕМАЦ, дел од моштите на СВЕТИ СЕРАФИМ САРОВСКИ, СВЕТА ФЕВРОНИЈА и други. БОНУС ПОСЕТА НА ВЕЛЕЛЕПНИОТ СОБОРЕН ХРАМ ВО ПОДГОРИЦА и мала прошетка низ Подгорица. Околу 16.00 часот се упатуваме кон Скопје, пристигнуваме во раните утрински часови ( после полноќ ).

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ИЗНЕСУВА САМО 1600 ДЕНАРИ.

Во Цената на аранжманот е пресметано :

  • Пат на наведената релација со автобус.
  • Разглед на Манастирите опишани во програмата, организација и реализација на патувањето.
  • Читање на поучни Православни Четива и Веронаука.
  • ПОДАРОЦИ: БРОЈАНИЦА, МАЛ МОЛИТВЕНИК, КНИГА ЖИВОТОТ И ЧУДАТА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА И ДВД/ЦД ( ПРАВОСЛАВНИ ФИЛМОВИ/ЦРТАНИ/ПЕЕЊЕ ).

Во Цената на аранжманот не е пресметано :

  • Патничко осигурување.
  • Трансфер до Горниот Манастир околу 1 евро.

Напомена: За реализација на програмата потребно е да има 40 особи. Пријавување најкасно до 17.05.2018 г.

ГОСПОД БОГ ИСУС ХРИСТОС И ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ДА БИДАТ СЕКОГАШ СО ВАС!!! 

Чудесни исцеленија во манастирот Острог!

Посетете го Чудотворниот Манастир Острог – Третото најпосетувано светилиште во православниот свет !!!

Посетете го Чудотворниот Острошки Манастир (Фотo + HD Видео)

5702 Прегледи