Москва, како што и вети, на санкциите на САД ќе одговори со контра-санкции. Па така се предлага нов закон за стопирање на соработката со САД во атомската индустрија, изградбата на авиони и извозот на ракетни мотори.

Паралелно со ова се забранува увозот на алкохолни пијалоци и цигари од САД. Сергеј Рјабунив додаде дека откако ќе се усвои овој закон за контра-санкции кон САД, исто така Русија ќе го забрани извозот на титаниум, кој е повеќе од неопходен на познатата компанија за авиони Боинг.

Исто така ракетните мотори RD-180 ги користат и НАСА и Пентагон. Русија во текот на 2017-та година, на САД им продаде роба во вредност од 10.7 милијарди долари.

Сето ова мириса на нова спирала на економска војна. Сега на ред е ваков потег од страна на Вашингтон.

 

689 Прегледи