Сите им се восхитуваме на силните жени и се надеваме дека и нашите ќерки ќе бидат како нив.
Мажите исто така им се восхитуваат на нивната сила и нивната страст во остварувањето на соништата иако честопати се плашат да им се приближат. Зошто е тоа така? Страв од одбивање можеби?
Како и да е … Овие жени се навистина моќни на многу полиња од животот.

ЗНАЕ ШТО САКА
Самата себеси добро се познава и без никаков сомнеж знае што сака од животот. Не се предомислува и не размислува двапати на еден ист начин за својот избор. Ако сака нешто, без разлика дали е работа, маж или кариера ќе го има.

СТРАСТВЕНА Е
Таа знае што е болка и страдање. Се соочила со многу проблеми во животот, така да може да биде тешка за многу мажи. Знае дека колкава и да е пречката во нејзиниот живот може да ја помине. Нема време да си игра игри. Не се плаши да си го изнесе своето мислење, да си ги открие емоциите, не се плаши од раните кои и ги нанел животот и сето ова го очекува и од вас

ТАА Е БОРЕЦ
Не и треба маж да си ја извојува битката и да и ги реши проблемите од сопствениот живот. Способна е да стои сама и да се носи со одговорноста. ТАА сака маж кој ќе застане рамо со рамо до неа а не да стои пред неа и да и кажува што да прави.

НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ИНТИМНОСТА
На силната жена интимноста и е многу важна/од долги разговори до водење љубов-без страв му се приближува на партнерот. Во мир и тишина се предава во целост и секогаш јасно говори за своите потреби и желби.

НЕМА ДА ЧЕКА НА ВАС
Силната жена за вас ќе помине низ деветте круга на пеколот само ако забележи дека може да ви верува и да ја има вашата посветеност. Но исто таков пекол ќе добиете ако забележи дека се подигрувате со нејзините чувства.

ЗНАЕ КОГА ЈА ЛАЖЕТЕ
Не трудете се да ја излажете, НИКОГАШ… Не создавајте си опасност, пред да кажете било што таа знае дека лажете. Ништо не ја нервира толку колку лажењето.

ИСКРЕНОСТА И ЧЕСНОСТА ПРЕД СЕ

Сака искрен маж на кого може да му ја отвори душата и срцето. Таа без размислување својот живот ќе ви го стави на тацна но истото ќе го очекува и од вас.

ЌЕ ВЕ ИНСПИРИРА ДА БИДЕТЕ НАЈДОБРА ВЕРЗИЈА НА САМИОТ СЕБЕ
Ке ве набљудува со денови, месеци додека не ве открие на вистинскиот начин. Кога ќе ве разоткрие ќе ви укаже каде грешите но и како да си ја поправите грешката. Ќе ве направи свесен за својот потенцијал и ќе ви помогне да станете она кое од секогаш сте сакале да бидете.

СТАБИЛНОСТ И ПОЧИТУВАЊЕ
Оваа жена не толерира нестабилна и неодлучна личност. Сака да ја гледаат со почит а ако мажот почне да се оддалечува таа ќе го пушти да си оди и ќе направи нешто за да разбере што изгубил.

САКА БЕЗУСЛОВНО
Нејзината љубов е верна и искрена, еднаква на мајчината, оваа жена не само што ќе ве сака таа и ќе се бори за вас. Но има и мажи кои не умеат да се носат со безусловната љубов.

Автор: Фросина Китановска

TRIBUNA.MK

155 Прегледи