Путин во 65-та година од животот е во прилично добра форма. Во што се крие неговата тајна?

Путин за појадок јаде каша, несолена урда со мед и пие живи јајца од потполошка. Ова го велат новинарите од телевизискиот канал НТВ кои во 2012 година појадуваа со претседателот. Исто така открија дека Путин сака да пие и сок од рен и цвекло.

Неколку години подоцна рускиот лидер им раскажа на новинарите дека исто така конзумира ориз и хељда.

„Сакам зеленчук: домат, краставица, зелена салата. Наутро сакам да каснам каша, несолена урда и мед. Ако можам да избирам помеѓу месо и риба, би избрал риба.”- изјави Путин и додаде дека не е човек кој сака слатко, иако од време на време каснува сладолед.

„Кога сум на пат сакам да пробам домашна храна. Навикнат сум на зелен чај. Обично не вечерам, немам време за тоа. Попладне се трудам да јадам овошје и да испијам кефир кога можам, а кога не можам, поарно не би јадел ништо“, вели Путин.

Што пие Путин?

Во 2012 година готвачот на Кремљ Анатолиј Галкин рече дека Путин преферира вино или пиво. Некои медиуми исто така тврдат дека претседателот сака шпански црни вина. Наводно сака да пие и чашка вотка по оброкот или чашка  коњак.

 

419 Прегледи