Модата е облик на стандардизирано однесување, каде човекот се воведува во некој образец. Модата има различни задачи. Една од нејзините задачи е предизвикување на психолошки реакции. Но, модата воедно е и начин да се привлече вниманието врз себе. Каква опасност представува современата мода? Каква стапица крие таа?

Многу девојки се трудат да се облекуваат модерно, трудејки се да бидат на “ниво”, се трудат да личат на моделите од насловните страници. Тие не секогаш разбираат зошто на улица почнуваат да им се случуваат несакани и непријатни случки. Се работи за тоа што постојат неколку стилови на надворешниот изглед. Еден од нив е стилот на жена – вампир (фатална жена). Таквите жени се трудат да се облечат, така што веднаш ќе го освојат мажот, со еден удар. Ако се присетите на филмот “Девојка”, таму девојката Тосја во занес говорела за тоа дека “мажите пред нејзините нозе паѓале како покосени снопја”.

Таквите жени ги принудуваат мажите како победени да паднат по само еден упатен поглед од нив. Практично целата современа мода е устремена кон тоа. Женската мода е изградена врз “сексуалните сигнали”: полупроѕирна облека, длабоки цепнатини (шлицови) (понекогаш не може да се разбере дали е тоа фустан или само една цепнатина), невозможни деколтеа… кога црвилото и воопшто шминката се со толку нападни бои, што просто е невозможно човек да не се сврти. Сите  тие се видливи мамци!

Тие ве принудуваат да се свртите и да обрнете внимание на нив. Тоа е посебноста на човековото доживување. Видувајки ја таквата реакција, девојката почнува да мисли: “Ох, успеа! Значи така треба. Видете, значи јас сум вистинска жена! Невозможно е да се пројде покрај мене! Сите се вртат”. Таа сеуште не разбира дека зад тоа маскирање постои друга смисла.

Во психологијата, општењето се дели на два типа: вербален и невербален (кој се врши со помош на надворешноста, мимиката, пантомимата, интонацијата). Така што на ниво на зборови ние можеме да соопштуваме една информација, а на друг начин да даваме сосема друга информација.

Кога некоја девојка се облекува нападно и предизвикувачки, ако целата е со сексуални сигнали и таква излегува меѓу луѓето, таа за себе дава совршено јасна информација. Таа како да извикува преку својот изглед: “Јас имам сексуални проблеми! Нудам интимни односи!” Таквата вампир – жена може да биде нашминкана како кукла, но нејзините очи се исплашени, во нив се гледа срам. Иако таа смата се труди да биде како и сите други, да одговара на “меѓународните стандарди”. Ги прелистала магазините и се нашминкала така.

Мојата пријателка, која сега замина за Австралија, припаѓаше на тој тип на жени и се облекуваше мошне нападно. Повеќе пати доаѓаше кај мене со поплаки дека не е во можност да излезе во градот без момчињата да и се нафрлат. Работата е во тоа што таа скаше да стапи во брак со своето момче и немаше потреба од дополнителни познанства. Но таа на невербално ниво за себе испраќала сосема друга информација. токму поради тоа нејзе и приоѓале машките и и нуделе познанство со одредена цел. На нивните игри, мојата пријателка одговарала со со мошне отсечен тон, ги одбивала и била безобразна со нив. Во таквите ситуации, по правило, машката суета е повредена и тие почнуваат да мислат: “Таа смета дека јас не сум достоен за неа”. И како одговор на тоа, тие почнуваат да ја напаѓаат и да ја навредуваат.

Јас и објаснив дека е неопходно да почне од себеси, да го промени својот надворешен изглед. И зборував: “Ти како да се нудиш себеси преку твојата облека!”. Се разбира дека списанијата кои нудат таква облека, заинтересирани се за продажба, ним за рекламата им плаќаат пари. Но, на тоа мојата пријателка рече: “Нема да бидам бел гавран!”. На крајот се се’ заврши многу тешко за неа…

Во психологијата постои специјален израз “виктимност” (склоност на човекот да биде жртва во односите, од англискиот збор victim).

Први кои почнале да се занимаваат со вакви истражувања е групата под раководство на Џејмс О’Нил. Тие правеле истражувања меѓу луѓето кои говореле за својата несреќа. “Јас никому ништо лошо му немам сторено. Зошто сите ме напаѓаат?”. Кога почнале да ги проучуваат тие луѓе, испаднало дека тие се разликуваат од другите. Тие луѓе на ниво на зборови говореле едно, а на ниво на формирање на надворешен изглед соопштувале нешто сосема друго.

Нашата современа мода формира виктимни луѓе. Луѓе кои средината не ги разбира, кои имаат проблеми со средината. Ова особено го велам за девојките и жените кои повеќе сакаат да бидат  “фатални”. Тука е потребно да најдеме златна средина и да разбереме дека убавото не значи и вулгарно. Се сеќавам дека еден странец за време на школувањето во Москва, во една прилика ми рече дека во Москва има многу убави жени кои се облекуваат како проститутки.

Мошне често на тоа не’ наведува и рекламата. едно време на телевизијата пуштаа рекламен спот. Во тој спот жена се вози на велосипед, сопира автомобил, таа преминува во автомобилот во кој има момчиња. Ако често се пушта рекламата, таа го засилува женското мнение. Жената почнува да размислува: “А што ако тоа е принцот? А што ако ми се посреќи? И воопшто, каква врска има дали зад воланот седи жена или маж?!”

Кога психолозите почнале да ги истражуваат причините за силувањето, дошле до тоа дека еден од причините е провокативното однесување на жените. Жената во провокативна облека може да шета навечер или да седне во кола со непознати луѓе. Тоест, таа самата мошне лесно влегува во таа опасна ситуација.

Кога говориме дека мажите се вакви или онакви, дека понекогаш се однесуваат како животни, мораме да се присетиме дека мажот се однесува со жената така како што таа му дозволува да се однесува. Еден и ист маж различно ќе се однесува со различни жени.

По гледањето на тој спот, ја видов следната ситуација. На станица две девојки сопираат кола. Како резултат на нивното стопирање, колата запира, од прозорците се наѕираат момчиња кои ги повикуваат девојките да се повозат. По нивното одбивање следува прашање: “Што ви е? Зарем се плашите?”. Потоа следува смеа од страна на девојките. На крајот седнуваат во колата и заминуваат.

Ако се сетиме на принципот според кој машките се однесуваат со девојките така како што ќе им биде дозволено, тогаш можеме да кажеме дека девојките се продале себеси евтино. Тие толку се и силни, и смели. Зошто да се чуваат такви? Зошто да бидат освојувани? Какво може овде да биде самопочитувањето и достоинството? Тие самите се нудат себеси!

Но твоето самопочитување мора да постои! Постои и воспитување! Ти мораш за нешто да размислуваш, а не само да трчаш низ животот.

Во дадената ситуација девојката дава на знаење дека не вреди ништо. Тие момчиња, меѓу другото, исто така се апсолутно виктимни. Ако тие толку лесно “наоѓаат” девојки, во таквиот случај сеуште не е јасно кој на кого ќе надигра. Можеби тоа се некои девојки криминалци. И ако работата дојде до интимни односи, кој знае во иднина кој ќе има проблеми.

Тој проблем со виктимноста просто треба да се разбере и да се проба да се промени. Една работа е кога жената сака да биде привлечна, тоа е сосема природно, кога за тоа кај неа постои внатрешна желба. Но, во се треба да се има мера. Девојки, вашите сексуални сигнали сведочат за тоа дека вие сте достапни. зарем тоа сакавте да го покажете преку својот изглед?

Кога еднаш гледав емисија во која учествуваше нашиот руски креатор Слава Зајцев, тој говореше мошне тешки и цинични зборови. Рече дека убава жена – манекенка, за него претставува закачалка. Така и жената која се грижи само за својот изглед станува закачалка за убава облека.

Пред неколку години научниците вршеле истражување и го проучувале моделот на идеалната жена. Во тој експеримент учествувале деца, момчиња и мажи кои ги излагале своите мислења за идеалната жена. Дошле до тоа, дека сите размислуваат за исто. Жената според зборовите на мажите, мора да биде привлечна, паметна (некои говореле за “добра соговорничка”), женствена. Но зарем сето тоа не е поврзано? Не е важен само изгледот туку и духовната состојба. Човекот не е составен само од тело. Кај него сеуште има и душа и дух. Обрнете внимание на себе, погледнете ги своите пријателки. Кога девојката е расположена, лицето и станува помеко, таа сјае. Кај неа се преобразува дури и надворешноста. При лошо расположение, лицето добива друг облик, се искривува и пред вас веќе е друга личност. Обрнете внимание на себе, размислете за иднината. Не треба да одите по патот на жената-вампир.

Што се однесува до момчињата, сакам да го кажам следното. Во свое време вршеле истражување на тема “Модата и карактерот на мажите и жените”. Овде се појавила уште една функција на модата – компензација. Повеќето мажи кои и придаваат големо значење на модата, по правило не се духовно стабилни. Кај нив на тој начин доаѓа до компензација на внатрешниот свет со помош на надворешниот. И таквата неускладеност сосема набргу ќе се појави во семејниот живот.

Тоа прашање особено е важно за младите девојки кои рано стапуваат во брак. Ти ја прашуваш: “Каков е тој?”, а таа со воздишка одговара: “Тој е толку убав!”.

Зрела жена никогаш нема да го каже тоа. За неа овој фактор има второстепено значење.

Монахиња Нина (Кригина), православен руски психолог

211 Прегледи