Лице за контакт – Марко – мобилен телефон – 078/849/708

Cirque du Soleil – TORUK

ЗАГРЕБ 08.12.2018

Спектакл за паметење, турнеја – Cirque du Soleil, инспирирано од филмскиот хит АВАТАР (James Cameron). TORUK – Првиот лет (TORUK – The First Flight), ќе се одигра во Загребска Арена на 08.12.2018.

ПРЕTСТАВА

Инспирирано од филмот Аватар, ТОРУК – Првиот Лет ќе не воведе во светот на Пандора преку специјални ефекти и прекрасна сценографија. Доживејте ја во живо бајката за новиот свет од фантазијата која што невероjатните артисти и акробати ќе ја одиграат само за Вас.

Преку врвен спој на најсовремени визуелни, куклени и театарски елементи како и грандиозна сценографија, Cirque du Soleil го доловува фантастичниот измислен свет на James Cameron. Приказната почнува кога на светото стебло “Душа”,  му се заканува природна катастрофа. Двајца млади луѓе ќе одлучат да ја превземат работата во свои раце. По сознанието дека црвено-портокаловиот змеј Торук, кој владее со небото над Пандора, може да помогне да се спаси стеблото на Дрвото Душа, ќе тргнат на пат низ високите планини со надеж да го најдат змејот. Поророштвото ќе се исполни кога чиста душа ќе успее да го јавне Торук со надеж да го спаси народот од страшната и трагична судбина која им се заканува. Приказна која плени, филм во живо, спектакл за паметење!

1 ден (07.12.2018 – петок ): Скопје – Загреб

Состанок со групата и поаѓање за Загреб во вечерните часови. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден (08.12.2018 – сабота ): Загреб – Cirque du Soleil

Пристигнување во претпладневните часови во Загреб. Разглед на градот со локален водич: Плоштад Бан Јелачич, Уметнички Павиљон, МИМАРА, Хрватски народен театар, Загребската катедрала, Владата, Камена порта, Хрватско народно собрани. Слободно време за индивидуална прошетка низ градот. Во попладнeвните часови сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во договорено време состанок на групата пред хотел. Заминување со организиран трансфер кон Арена Загреб каде ќе се проследи спектакуларниот настап на најпознатата акробатска група Cirque du Soleil, со претставата ТОРУК. По завршување на претставата враќање во хотел со организиран трансфер. Ноќевање.

3 ден (09.12.2018 – недела ): Загреб  – Македонија

Појадок во хотел. Одјавување од хотел. Можност за посета на некој од познатите трговски центри или за љубителите на добра храна, Ви препорачуваме посета на прекрасното гратче Самобор и ручек во еден од многубројните ресторани со традиционална храна. Заминување кон Македонија според договорено време со претставникот од агенцијата. Патување со попатни паузи за одмор, пасошки и царински формалности. Пристигнување во Македонија околу полноќ.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 01.08.2018: 155 (9.610 денари)

         РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 185 (11.470 денари)

Во цената е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на релацијата по програмата;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел 3* во Загреб, на база 1 ноќевање со појадок;
  • Разглед на Загреб со локален водич;
  • Влезница за спектаклот Cirque du Soleil
  • Туристички придружник од агенцијата;
  • Организација од туристичка агенција.

Во цената не е вклучено:

  • Факултативна посета на Самобор 10 Еур. (минимум 30 пријавени патника за реализација);
  • Патничко осигурување.

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 11.03.2019 година.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

 

727 Прегледи