Давос е кратенка за Светскиот економски форум, а во 1971 година го основа германскиот економист Клаус Шваб како форум преку кој европските корпоративни лидери можат да учат од своите американски колеги.

Политичките лидери почнаа да учествуваат на форумот кон крајот на 70-тите и од тогаш се трансформираше во годишен собир на кој светската елита дискутира за светските проблеми.

Кој се е присутен и која е темата?!

Меѓу 2.500 учесници и 70 светски лидери, индискиот премиер Нарендра Моди годинава е првиот голем говорник кој го отвори форумот.На Форумот учествуваат сите европски лидери, меѓу кои: Емануел Макрон, Ангела Меркел, Тереза Меј и Паоло Џентилони. Доналд Трамп треба да ја затвори конференцијата со говор во петок.

Учествуваат и истакнати научници, експерти и интелектуалци.

Темата на годинешниот ВЕФ е „Да изградиме заедничка иднина во раскршениот свет“. Програмата е богата со манифестации од работни појадоци, семинари и коктели, до проекции на филмови, медитации и вежбање јога.

Околу 4.000 швајцарски војници се грижат за безбедноста во Давос. Група социјалисти планираат собир во самиот Давос во четврток кога се очекува да пристигне Трамп. тие би требало да бидат гласот на речиси 17.000 луѓе кои ја потпишаа петицијата со која Трамп се прогласува за непожелна личност во Швајцарија.

Целиот настан и организација чинат високи 28 милиони швајцарски франци.

 

380 Прегледи