Калориите се мерни единици за енергија кои што телото ги добива од храната. Потребни се отприлика 1.800 до 2.000 калории за задоволување на секојдневните потреби.

Еден грам протеини и еден грам јаглехидрати имаат 4 калории. Разликата е во тоа што јаглехидратите се извор на енергијата.

Енергетските пијалоци содржат 400 калории на 1 литар, а не ни обезбедуваат никакви хранливи материи. Покрај тоа, овие пијалоци го зголемуваат крвниот притисок, што претставува опасност за лицата кои страдаат од васкуларни болести.

Дури и безалкохолните пијалоци имаат киселина која ја нарушува рН вредноста во устата. Затоа, воглавно треба да консумирате минерална вода. Така се контролира апетитот и се исфрлаат штетните материи надвор од организмот.

Човечкото тело содржи 65% вода. Водата ги носи потребните материјали до клетките и му овозможува на телото преку урината и потта да ги извлече штетните материи. На телото дневно му се потребни отприлика 2,5 литри течност.

Оние кои вежбаат имаат потреба од повеќе вода или околу 500ml на секои 30 минути вежбање.

Сите оброци треба да се јадат редовно. Тие не треба да бидат обилни, бидејќи ќе се предизвика забавување на метаболизмот, а нема да се губат килограми.

Важно е да се јаде полека. Во спротивно, ќе внесувате повеќе храна во организмот пред стомакот да испрати сигнали до мозокот дека сте изеле доволно. По оброкот подобро е да се пие кафе, наместо една чаша алкохол. Кафето ја помага размената на материите и ги топи мастите, додека алкохолот ги блокира мастите.

Јадете многу зеленчук! Зеленчукот е богат со витамини, минерали, сол и вода. Затоа, може да се јаде во големи количини, без загрозување на линијата на телото.

Износот на калории во зеленчукот (100g):

• Моркови 35
• Спанаќ 31
• Карфиол 25
• Целер 20
• Зелена салата 19
• Зелка 19
• Репка 18
• Патлиџан 17
• Краставици 14

Овошјето е исто така богато со вода и има помалку калории. Сепак, не консумирајте многу сушено овошје, бидејќи содржи многу шеќери.

Износ на калории во овошјето (100g):

• Авокадо 231
• Грозје 69
• Банана 65
• Ананас 40
• Малини 34
• Лубеница 30
• Јагоди 27
• Боровинки 25

Број на калории во останати јадења (100 g) :

• Ореви 380
• Бадеми 565
• Бисквити плазма 437
• Бисквити 397
• Карамели 386
• Пуканки 376
• Тестенини 282
• Торта 252
• Свинско 291
• Говедото 252
• Пилешко месо 145
• Пастрмка 195
• Крап 127

138 Прегледи