Тихиот Океан со години ги инспирираше многу пистатели, поети, уметници и воопшто луѓето со неговите убавини, но тоа повеќе за жал не е така. Овој океан е моментално најголемото складиште на ѓубре кое зафаќа површина од 600.000 квадратни миљи и тука можат да се најдат секакви видови на отпад (јажиња, шишиња, рибарски мрежи, ќеси, вреќи ..).

Подрачјето наречено “GPGP” или со цело име “Great Pacific Garbage Patch”, е подрачје кое е дупло поголемо од Тексас, или трипати поголемо од Франција. Ако ништо не се превземе, тони отпад ќе се распаднат со текот на времето во микро-пластика.

Се претпоставува дека има повеќе од 79.000 тони (само пластика), а оваа бројка е десетпати зголемена од минатата година.

После вакви загрижувачки истражувања мора да ставиме прст на чело и да размислиме како дозволивме да дојде до сето ова. Можеби ќе требаат десетици години да се исчисти ова ѓубре кое сме го создале во рок од една година, но мораме да почнеме уште сега, додека сеуште имаме време.

168 Прегледи