За туристите кои ја посетуваат нашата држава, Македонија е земја на контрасти. Сиромашна земја која неочекувано за странските туристи, има многу што да понуди. Една од работите која дава висока оцена и мислење на туристите за нашата држава е токму традиционалната кујна.

Во продолжение ви ги претставуваме 8-те традиционални јадења на кои туристите не можат да останат рамнодушни.

  1. Мусака

Често опишувана како “Македонска лазања со компири”, овој традиционален рецепт е може и најомилениот на туристите, бидејќи го дава перфектниот баланс доколку сакате да искомбинирате месо со зеленчук.

2. Сарма

Related image

Перфектна храна за предјадење, како главно јадење или пак како закуска доколку огладнете. За оние кои се вегетаријанци, секако тука е опцијата и за посна сарма без месо која е подеднакво вкусна.

3. Тавче гравче

Можеби и најмакедонското јадење од сите. Како мали сигурно не ви било едно од омилените јадења, но како што одат годините, овој рецепт е секогаш добредојден на трпезата.

4. Ајвар

Image result for ajvar

Секој странец кој пробал ајвар е едноставно запрепастен и останува без зборови од тоа колку е вкусен овој македонски специјалитет. Сервиран со леб и секако бело солено сирење, едноставноста на овој рецепт прави да биде вбројан во најпосакуваните и највкусни рецепти за странските туристи.

5. Зелник/Пита

Image result for пита со праз

Странците кои не пробале зелник или пита навистина треба да се каат. Перфектно во комбинација со чаша јогурт или павлака и секако со дополнителни парчиња солено сирење.

221 Прегледи