На Арктикот, поточно на арктичкиот архипелаг Свалбард, регионот кој е лоциран помеѓу Норвешка и Северниот Пол, се чуваат огромни количини на семиња во случај на апокалипса, природна катастрофа или огромни војни, со цел да ги спасат растенијата кои виреат на нашата планета.

Овој трезор е пуштен во употреба есента во 2007-та година. Според некои информации, во бункерот има 4.5 милиони примероци од најразлични семиња (секој примерок содржи по 500 семиња). Влезот во бункерот е направен од бетон и е специфично украсен на врвот. До местото во кое се чуваат семињата, се стигнува преку еден тунел кој е долг 120 метри.

Семињата се складирани на температура од -18 степени целзиусови. Семињата кои се чуваат тука пристигнуваат од сите краеви на светот, па дури и од затворените држави како што е С.Кореја.

Погледнете како изгледа овој трезор и што се  крие во него:

217 Прегледи