„Судбината на Валаам е судбина на Русија“, а тоа најдобро се огледува во најновиот документарен филм на Андреј Кондрашов за Валаам, кој во поширокиот православен свет е познат и како Северна Света Гора.

Преку ретки историски кадри, а низ зборовите на Претседателот на Руската Федерација, В. В. Путин, намесникот на Валаамскиот манастир, Епископот Троицкиј Панкратиј, и топлото сведоштво на игумен Методиј (Петров), прикажан е животот на манастирот низ историјата и денес, како и огромните духовни заслуги кои манастирот ги има пред целиот свет.

Во филмот имаме можност поблиску да се запознаеме и со отец Методиј, монах од Македонија, кој заедно со Владиката Панкратиј, е еден од возобновувачите на монашкиот живот на Валаам.

(преводот на македонски можете да го вклучите на CC )

185 Прегледи