Зошто Св.Апостол Павле говори дека мажот се соединува со жената, а не жената со мажот?!

Кога ги наведува должностите од љубовта, тој ги упатува кон мажот. Зборувајќи за почитувањето, на жената и вели дека мажот е главата, како што е и Христос глава на црквата, а учејќи го мажот да љуби, тој го врзува и зацврстува во врската со жената.

Ако мажот ги остави родителите заради жената, а потоа ја напушти, со што може да се оправда?! Не гледате ли мажи, каква чест ни укажал Господ со тоа што ни ја дал жената?

Те зел од таткото и те приврзал за неа. Затоа мажот кој верува не може да каже дека нема никаква должност кон жената, ако таа не му се покорува.

Зборовите на Св.Павле страв или почитување се однесуваат на тоа да бараш почитување од слободна жена, а не страв каков што покажува робинката. Таа е твое тело и кога неа ја понижуваш, тоа си го правиш самиот на себеси.

Ако сакаш повеќе да те почитува, љуби ја онака како што е заповедано, тогаш за стравот ќе нема место, затоа што љубовта се ќе усоврши.

Иако за жената се смета дека има второстепена власт, не е така. Таа поседува огромна еднаквост во достоинството, но факт е дека мажот најчесто ја игра надмоќната улога (на ова е заснована и благосостојбата во домот).

Ако си го уредиме домот на овој начин, исто така ќе ја уредиме и Црквата, бидејќи семејството е мала Црква. Само така, ако станеме добри мажи и добри жени, ќе станеме и пример и за другите сопружници.

Св.Јован Златоуст

2975 Прегледи