Најпрвин да кажеме дека оваа статија е посветена и наменета за жените или понежниот пол но поентата и суштината важат и за мажите низ призмата на еден Татко и Блудник.

Ова е една исклучително, тешка и захтевна тема со оглед на фактот што живееме во 21 век. Навистина не е едноставно во овој момент, во турбулентен и динамичен живот, свет во кој се создадоа лажни вредности и рајеви, толпата од народ да разбере некои работи кои се сржта и коренот на светското постоење. Како за почеток, да кажеме дека Светот се соочува со нешто што никогаш претходно не бил соочен. Депресија е епидемијата како што некогаш беше чумата. Наркоманијата, Трансродовите, феминизмот, просмикуитетноста. Денес кој го лечи ова ќе биде светец. Но особено првата. Бидејќи таа е двигателот на останатите. И ако некогаш ја имало во некои краеви каде имало конфликти и сиромаштија, денес ја има секаде.

Навистина би ни било тешко да се присилиме себеси  и да го игнорираме најголемиот и најпродаваниот запис некогаш составен, а тоа е Светото Писмо. Дури и да го вклучиме маркетингот, инвестицијата, манипулацијата и како и да сака светот да каже дека овој запис е продаван, сепак на крајот тој влегол во многу домови и едуцирал многу народи.

Најмалку од се, ќе разговараме за мајмунската Дарвинова теорија на еволуција и природна селекција. Не поради тоа дали држи вода или не, туку поради тоа што Дарвин на крајот на животот се покаја и веруваше во Бога. Ние можеме слободно да кажеме дека ние сме поразлични од животните. И не само поради финалниот заклучок на Дарвин, туку поради неоспорениот факт за изборот, односно слободната волја. Слободата е таа која не прави поразлични во самата ДНК и природен код на целата човечка лоза.

Бог го создаде Адама. Па Ева. Рајска Градина. Бесмртност. Совршеност. Требаше така да живеат и распространат низ целата Земја. Но претходно Сатаната падна. Но тој сепак немаше ингеренции директно над човекот. Имаше во помислите само. Дрвото и јаболкото се само една метафора. Или барем во најмала рака ние од 21 век можеме така тоа да го кажеме. Во таа доба тоа можеби се случило и буквално како што е напишано. Но сепак, е речено дека Ева беше таа која зеде од забранетиот плод. Со тоа му овозможи на Сатаната да влезе и создаде игра во самиот избор и слободна волја. На овој начин тој завзеде и крвно место во синот на Ева, Каин. Каин е повеќе син на Сатаната отколу на Адам. Авел беше од него убиен. Сит остана.  Неговите прврзаници, паднатите ангели, за кои пишувавме оние кои беа блиску до Земјата ги гледаа жените посакаа да се со нив. И им беше овозможено. Со жените од лозата на Каин имавме мешање на жената и самите демони односно паднати ангели или казнетите. Гревот се роди, срамот се роди. Луѓето живееа дури по 900 години. Како одминувало времето тоа се намалувало. Сеуште се намалува животниот век. Сатанската и Каинска блудност или како што се вели творбата на блудните страсти потекнува од Содом и Гомора. Болестите, баењето, проституцијата, наркоманијата, палењето на тутун, канабис, жртвувања итн потекнуваат токму од тука.  Но нешто што е позначајно е да се каже дека лозата на Адам оној кој наседна но ја одржа својата крв и месо чисти беше наследено во Сит, неговиот трет син. Дедо Ное, Аврам, Давид, Мајката Христова или Дева Марија и самиот Исус Христос се токму од оваа лоза. За среќа на светот, постоењето, и благодарение и Слава на Бога.

До, ден денес нам ова ни е видливо. Буквално се гледаат двете лози кај сите луѓе и на тој начин и на жените. Самото Свето Писмо и Христос ја делат жената на Мајка и Блудница. На грешен и праведен. Самото Писмо прави хиерархија по заслуга, промисла и одлука на Бога. Самото Свето Писмо ја подредил жената и ја казнил. Но никогаш не ја казнил да таа нема никакви права. Тоа го злоупотребил Сатаната а воедна таа добила и негова сила. Дава прецизни инструкции и важи за науката над науките, уметност над уметностите, мир над мирот итн. Не познава термин радикалност или дискриминација или пак либералност. Ова се вештачки и лажно илузионистички термини и идеали кои нудат привремено решение. Но не целосно, безвековно или целосно вековно.

Текстот го пишуваме на македонски односно словенско кирилично писмо. Што значи сите знаете дека Мајката Христова не е мит. Тоа е Пречистата Богородица и Дева Марија кој го роди Синот Божји. И тогаш имаше блудност, но сепак постоеше ваква жена. Од друга страна помилувањето од страна на Христа кон Марија Магдалена е доказ дека дури и најлошиот ако се покае и не ја продолжува истата грешка ќе се спаси. Така и беше. Блудната Марија се преобрати. Ако сте го гледале Кралот Лав и акцентот го ставате на Симба или тагувате за Муфаса, би ви предложиле да се фокусирате на Скар и Зира. За еден синоним на Каиновата лоза, во која безброј народи и нации се претопиле. Дури и да не сте од Адамово-Ситово-Аврамово-Ноева-Давидово-Христовата лоза одлучете да бидете Кову. Роден како нечист, не по своја вина, по вина и грев на предокот но тој се преобрати.

Ова се клучни тези во суштината и поентата на овој текст. Ова е вистината, ова е историјата. Ова е духовната медицина и здравје со кое имаме физичко а потоа материјално.

Што се однесува до денешниот 21 век како што рековме и за минатите векови жената е манипулирана на база на сентименталноста и величината која ја поседува. Силата која ја добива на вкупен план и самиот поим Жена е од страна на лукавиот и првиот Паднат Бивши Ангел или Сатана. Истата сила ја добивале и добиваат и мажите во самиот поим Хомосексуалност, феминизам, трансродови и слично.  Многу жени го разбрале ова и станале мајки, успешни жени во 21 век. Прави Борци но без да заборават дека додека мажот лови тие го чуваат детето. Ова е тој вистински кодекс. Колку и да делува апсурден во смисла на овој век, овој е најчист, најрадосен и најправеден. И да се напишат илјадници текстови поради навидум комплексноста што оваа тема ја поседува, всушност поентата е нешто наједноставното што некогаш сте го сретнале.

Што се однесува до Блудницата, ова е термин кој го користи самото Свето Писмо, но овој збор кога ќе го преведете од македонски на англиски добивате whore , збор што се користи во сите порно филмови. Блудница е жена што не се кае и едноставно целосно го прифаќа гревот како своја доблест, предност и талент. Штом го направи тоа, таа ја добива силата на Демонот на Суетата. И потоа и се раѓа лажната потреба да биде најубава и омилена. Многу жени се сопнуваат тука и тонат. Но, тие што ќе го поминат тоа добиваат потреба да бидат секогаш во центарот на вниманието. Срцето им е огорчено итн. Многу жени во младите години додека имаат благодат и многу шанси за нивното срце да се исполни со љубов и засекогаш да се покајат дури за јаболкото украдено во соседниот двор и бидат вековно заштитени на тој начин, нивната сентименталност е злоупотребена од Лукавата сила и се предизвикувани да направат уште поголеми гревови. А тоа се тешките нивни помисли и тоа во раната нивна младост. Не се ни свесни колку тие помисли и зборови се всушност Лукава сила. Тие не се ни нивни зборови. Тие се клети и моќни помисли и зборови. Добиваат желба да повредат. Влегуваат во врски, бракови, повеќе од едно сексуално искуство, слава, моќ, пари, лавиринти на економско-банкарско-угостителското ропство само да ја одржат веќе новата личност која се издига веќе над вистинската и правата. Таквата жена добива целосно нов лажен идентитет и како одминува времето така заборава што е и која е. Останува натпреварот. Натпреварот кој го предизвика Лукавата сила кога ваквата жена беше скршена. Да се одмазди на центарот кој го предизвика нејзиното страдање. Верувале или не, жената блудница живее со ова чувство на натпревар до крајот на својот живот.

Најсилната жена би била онаа која тој натпревар ќе го сврти против оној кој го предизвикал. Така се подвизува и од жена што го познава злото можеби нема ништо посилно.

Да не говориме за Порно филмовите, диската и клубовите, за жените од Тв-шоуата и Тв-екраните, за злоупотребата во самите илузионистички барања од жените итн.

Што значи жени, верувајте му на Бога, живејте со покајание дури и да знаете дека сте подобри од другите жени, не го прифаќајте никогаш гревот како ваша доблест и предност и ве молиме, верувајте им на мажите. Но не на блудничарите. Никогаш, на нив ! Ако не сакате вечна мака и патење. Инаку секако човекот има слободна воља. Но вие сте двигателот. Вие дозволувате блудност и праведност и кај нив. Тоа мора да почне од вас. Но не злоупотребно од страна на глобалната елита. Бидејќи тоа само ги умножува порно глумиците, Кардашијанките, Карлеушите, МерлинМонровките или оние лажните како Бијонси или пак пример за блудност Ријана и да не набројуваме кои се на светот не се ваши идолки.

Искрено размислете на тоа што е всушност МАЈКА како широк поим во корелација со статијата. Бидејќи Мајка не е само некој што раѓа, рани дете, пегла и чисти…

 

991 Прегледи