Задолжотелно читање на статијата:

Зошто МПЦ-ОА треба од Секуларна да се трансформира во Примарна !?

Кога велиме Севкупен Триумф мислиме на нешто многу длабочинско и во ниеден случај површно.

Прочитајте ги прво Двата Дела од статијата Дали Македонија наскоро станува Претседателска Република – Прв Дел и Втор Дел

Оваа статија беше лаичко верски и политичко аналитички напишана како наговестување за настаните кои би се случувале во иднината. 80 % излезе дека е така. Некои подранија, а некои доцнат, а пак во некои сфери, играчите се само различни. Но, позадината и поентата на нештата е токму таа. Остана уште суровата вистина. Сурова, но само ако одлучиме така да ја доживееме.

,,Ние во тој момент најдобар пријател ќе имаме во Грција.” – ова е дел од статијата.

Република Македонија и Грција никогаш претходно не биле во ваква ситуација. Некогаш е толку чудно, и не тера да се запрашаме зошто тоа едноставно до сега не се ставило на маса. Одговорот е многу едноставен, покрај сите статии кои до сега ги напишавме за мрачните структури и надворешни и внатрешни. Има многу играчи и играта е многу поголема од што нам ни изгледа. За ваша информација, во Светото Писмо пишува дека од империите кои ги владее Антихристот во крајните времиња непосредно пред да биде параноична и нечесна мачка во тесно, две империи преку посредувањето и помошта од Светите Пророци Енох и Илија ќе му бидат размрдани. Сирија ( Блискиот Исток ) која се разгрнува и продолжува во Ерусалим или Иран е едната и дефинитивно Македонија и Грција се другата. Индиректно сакал или нејќел ќе дозволи да се врати Византија. Или самата Византија ќе менува нешто.

ЗАПАД

Во самиот вовед на овој текст, мораме експлицитно да напоменеме дека Запад се однесува како никогаш претходно. За Запад во 2018 година, можебе слободно да ги идентификуваме Британија и Америка. Односно заткулисно-корпорациски-религиски-тоталитарно, можеме како Триаголникот Рим-Лондон-Вашингтон. Ова е денешниот Вавилон. Ова е денешниот Запад. Трамп после се изгледа е вистинскиот Антихрист. Во најмала рака оној спомнатиот во Светото Писмо и Пророштво како Тој со двата рога, доколку не би бил финалниот еднорог. Не Он лично, туку неговиот мандат. Можеби не првиот, а можеби вториот ( доколку добие ). И двете Светски Војни се поткопани од Велика Британија. Многу статии напишавме за Ротшилди, за Кралството за другите сатански семејства. Токму оваа багра ја уништи Царската Света Династија во Русија. Овие луѓе се само-прогласени владетели и потомци на паднатите ангели или како тие велат Боговите. Моќни се. И вистината е дека неможете целосно да се ослободите и да заборавите на нив. Моментално тоа што го прави Трамп делува идентично како она на Хитлер во Нео-нацистичкиот период. Се изолираше. Целиот Запад е премногу изолиран. Многу параноичен, молчалив. Лут. Запад ја изгуби битката во Теолошката и Интелектуална Смисла за да може така да го контролира човекот. Тоа што му остана е нечесниот вкоренет генетски начин на делување, статистика, некакви цифри, војници, армии, зомбиња со испрани мозоци. Жалосно е тоа искрено. Поради овој факт и самите социјални мрежи преку кои Бунтот на овој Балкански полуостров и Будење беше триумфално. Но, сепак ЕУ како ЕУ некако го има ова сфатено или барем делува тоа така. Америка изиграва жртва и свесно си прави бесилка на својата сопствена антихристова силуета. Велика Британија го подржува сето тоа на чудесен начин. Големците се штитат преку злато. И бесрамно и дозволуваат на Кина да расте. Зошто !? Бидејќи Кина ќе им биде џокерот во 90-те фудбалски минути. Свесни се дека неможат да се борат со Русија. А Кина има пакт со Русија. Ја припремаат за нож во грб во моментите кога ќе им биде тоа потребно. Во меѓувреме се што прават моментално е една исцрпувачка ментална битка и огромна блефажа. Моментално се однесуваат како кога комшијата ви ја буши гумата и наутро кога го гледате тоа вас ви се спојуваат и небото и земјата. Знаете дека е Тој. Неможете ништо. Не сакате проблем. Го избегавате. А сепак сте раздразливи што е и нормално. Но ЕУ некако како да се припојува кон истокот. Рим оној Византиско-христијански како да се раздвижил. Самиот Рим како да е двоен. Од друга страна НАТО постои и ќе постои. И после се и ЕУ ќе си постои. Само делувањето ќе биде малку поразлично. Видливо е тоа и се наговестува.

Исток 

Кога сме кај Истокот како и секогаш, сведочиме за страдање. Истокот е исток во секаква смисла на зборот. Верска, Теолошка, Временска, Природна, Климатска, Мудрост итн. Истокот е тој што отсекогаш бил неизмерно Богат. Запад е нешто што константно крадело од Истокот. Отсекогаш за Антхрист се сметал дух ( лице) кое напаѓа од Запад по западњачки филозофии. Запад не е само територија или страна која ни ја покажува компасот. Западот е нешто многу подлабоко. Кога една особа сака блуд  или пак е незадоволен од својот Оган или е приморан на бегство, под дифолт оди на Запад. Запад е и Австралија иако на мапа е на исток. Така што парадоксално на тоа Истокот може да биде и во САД. Поради тоа ние говориме за нешто длабочинско кога говориме за Исток или Запад.

Кога сме кај Истокот ние се соочуваме со бегалците. Кои се сериозна миротворна работа, но и сериозно заканувачка. Од трета пак страна ако сме доволно мудри, овие лица вклучувајќи ја и приказната со која тие доаѓаат, можеме да ги интегрираме во економска смисла.

Кога сме кај Кинезите пак, освен патиштата кои ни ги направија ( искрено неможеме да се соземеме зошто бре мораше кинези да бидат покрај толку генијални наши и соседни мајстори !? ) но да размислуваме ете позитивно.

Кога сме кај Турците, е тука веќе сметаме дека имаме некаков вид на благ проблем. Не во смисла на Верата или Политиката. Подолу тоа ќе го разјасниме. Но сметаме дека немаме избор. Мораме да го направиме тоа нешто, кое пак може да допринесе колапс на Турција. Но, едноставно мораме да запалиме светло и да се покаже ѓаволот. Можеби тоа нема да биде Турција. Можеби ќе бидат мудри и ќе си тераат Бизнис. Но проблемот е во тоа што тој Биснис одел преку РМ. А во овој случај самата Грција ќе има контрола на тоа во директна смисла на зборот. А како таква веќе би имала проблем со Турција. Тој проблем може да се разгори до поголеми размери, каде што во тој контекст би се вмешала Русија. Ова не го сака Русија. Туку Запад е тој што не мести во ова. Ама нема друго. Кон тоа иде. Светот е наштелан така да мора константно да движи напред. Ние со Духот движиме кон Бога. Или барем треба да движиме без разлика на се. Но, земно гледано ние движиме во се подлабока и подлабока бездна. И тоа е реалноста.

Кога сме кај Русија, секој нормален се би дал да може да се оттргне од Запад и од Кинези и од се и да станеме Кантон под Путин. Едноставно нивната Визија секаде да биде. Но, едноставно реалноста и ситуацијата е многу подлабока од што изгледа. Слава на Бога, што постојат Руските Светители, нивните Манастири. КГБ. Самиот Путин. И заштитата на Сноуден. Слава му и што ете се емитува Руска серија на 24 вести ако ништо друго. Слава му што пишуваме статии на наше Кирилично-Македонско слово. Но руски бази во РМ нема. Руските генерали не имаат ослободено од турското ропство. Во буквална смисла. Но ние учиме дека тоа го направиле наши херои преку писма кои ги упатувала во Ватикан и на Запад. Проблемот е 91. Уставот. Настанокот на нашата држава таква каква што е. Освен преку Теологија која ја пишуваат Руси и преку односот на Русија и самиот Путин кон Света Гора, Грција, Православниот Свет, Македонија во оваа смисла, Црквата ете преку БПЦ која е пак под РПЦ, на друг начин помош од Русија и некаква алтернатива немаме дури и на коленици да молиме. Не оди тоа така како што ние си мислиме.

Грција

Грција е унитарно претседателска република. Тие се во НАТО но и во ЕУ. Многумина ќе речат дека Грците не ги сака ЕУ поради долгот кој го имаат. Искрено тој нивен долг како и секој долг всушност и не е долг. Се што е Запад всушност должи на Истокот. Од таму им е крадено и крадено. Тие се крадци – најпримитивно речено. Тоа што Грција е во ЕУ и НАТО за нив е премногу добро. Но, Грција има многу моќна Црква. Пресилна. Самото присуство на Света Гора и самото присуство на ЕУ и НАТО е како борба меѓу нешто што е Христово и нешто антихристово. ЕУ и НАТО не се само ствар која делува на борбен и на финансиски план. Тоа е многу подлабоко. Го носат гревот, блудот, го наметнуваат преку своите невладини организации и структури како легално како нормално итн. Но, тоа е што е. И во Русија имате секти. Имате проституција имате криминал. Но, Путин тоа го трансформираше во еден неопходен и на еден специфичен начин. Грција прави нешто слично. Иако сметаме дека Ципрас претера со толерантноста и поради тоа не е чудно зошто на Света Гора му е забранет пристапот.

Грците ја имаат Света Гора. Поради тоа сме многу Благословени и Среќни. Имаат море. Туризам. Многу острови. Вили, Станови, Хотели, Земја, Клима. Од предците. Од Бога. Имаат Хеленистичка уникатна историја и култура. Во нејзини рамки е вграден ( интегриран ) столбот, коренот и преданието на Православието – самиот Христос. Неговите наследници го имаат прочистено сето старо и сеуште го прават тоа.

Грците имаат чуден систем на функционирање. Слично на Русите. Слично на Византија. На тогашниот Славен Кантон. Најблиската форма до Небесното Царство. Да не се замајуваме дека во Грција се е совршено. Гревот владее и таму. Но зборуваме од друг агол и за друг агол. Неможете нив да ги контролирате по амерички или европски стандарди. Туку тие вас ве контролираат токму преку вашите стандарди. Вашите стандарди никогаш неможат да ги надминат нивните. Строги се за големите парајлии и тоа во смисла да инвестираат на нивно тло и да бидат достоинствена дијаспора. Не се строги за малите. Нема строг УЈП таму. Или фискална за се. Затоа имаат сите пари. Страда само државништвото поради самата ЕУ. ЕУ им даваше пари за се и сешто. Што правеа Грците !? Си ги трошеа како што тие умеат. Не како што им налагаа. Реално мора да се признае дека ова е генијалност. Неможете да чувствувате вина за такво нешто. Тој долг не е долг како на братот ваш да му позајмите 500 евра, а немате. Ама му давате зошто тој баш ич нема. Многу Грци си работат некоја работа да речеме во маркет ( некоја жена ) за плата, стаж и осигурање од државата таква каква што е. Само поради тоа. Ама не живеат од тоа. Грција е најдобрата држава по море, овошје, природа таму кај што ја има, Православен практикум и реално кажано некаков вид на слобода или не-осуда. Единствен паганизам им се навивачите. Борбата со бегалците и Турција. На Запад се признаени и ценети повеќе од било кој Балканец. Руралните средини им се развиени. Целата Земја е развиена. Ако слушате вести нема да мислите така. Но ако истражите, одите и видите ќе увидите дека се работи за скромна држава која се цени себеси, дарот од Бога и не отстапува од тоа што е добро. Затоа е многу Богата.

Република Македонија

Македонија. Нашата најмила Република Македонија. Вака сме се родиле. Вака ни е врежана во Срцето. И така ќе биде. Ништо неможе да го промени тоа. Ниту еден документ. Верата и Љубовта неможе никој да ти ги земе. Но, ете дошол момент, каде што нема назад. Сега или никогаш. Имаме опција да не го направиме ова и да траеме. Но така ќе станеме како прашина. Знаете ли што се случува со прашината кога ќе дувне силен ветер !? Таква ни е Судбината. Крив е Киро, Бранко, Љупчо, Никола, Мијалков, Петко , Станко, ти реков ми рече. Предавници секогаш имало. Лакоми исто. Загрижени исто. Оние со добра намера ама плашливи. Но сите тие на некој начин биле херои. Дале свој максимум и делувале како што мислеле, морале или чувствувале. Не е лесно да владееше со РМ. Не е РМ, Луксембург. И ти се раѓаш таму ги знаеш сите. Сите имате пари. Не си видел како е да се нема. Се навикнуваш на кредитен систем на живеење. Немаш вера. Идеш у Католичка Црква, плаќаш данок. Не оти сакаш. Така си се научил. Ко тука некои Слава што слават, така и тие таму. Но дали тука завршува приказната. Или пак поради лошата судбина ќе се вратиме во Антиката и ќе им докажеме на сите дека ние сме тие најпосебните и директни потомци некому. Кој и да е тој би бил паднат ангел-ѓавол. Колку и назад да се вратиме само погубно би било тоа. Лажно, Заблудливо од голема немоќ. Ќе се нервираме на јазикот туѓ, а ќе сакаме од нивната култура да чепнеме малку.

Какви и да сме кои и да сме сепак најдобро е да речеме дека сме Словени. Така почнуваме од 9 ако треба до 10 да стигнеме. Да, некако како да е недостижна таа 10ка но се останато не носи во – или преку сила на 0. А Бог ни ја подарил 9ката. Лоша, ама ни дал Благослов да ја исправиме и да ја направиме 10. Ако ја одбиеме 0-та, ќе имаме 1. Број 1. ХАХАХХАХА. Ова е за тие што ептен сакаат да биде РМ број 1. Во Обединетите Нации ние сме заведени како ФИРОМ ( одредница државјанство ) и македонски јазик ( одредница јазик ).

Никој неможе да го побие фактот дека имамет уникатен македонски јазик ( словенска група јазици ). Сето останато се векови и векови борби и менување на мапи. Тоа постои, постоело и уште очигледно ќе постои. Само во друга форма. А можеби и иста. Само преку книгите ние сме си замислувале поинаку.

Нас Црквата ни е Столбот. Таму ни е Верата, таму ни е Јазикот. Ако го нема Охрид нема ништо. Ако го нема Бигорски нема ништо. Целата наша култура и јазик се длабоко поврзани со словенската писменост и Црквата. Но тоа е предание. Тоа не е кафез некаков. Ерусалим, Црквата, Заедницата се движечка сила. Постојан парадокс. Затоа сметаме дека чекорот на МПЦ кон БПЦ е огромно позитивна работа. Од друга страна и чекорот на Јован во СПЦ е исто така голема работа. На тој начин Богатата содржина на нашата историја и самите Словени и Црквата со Архиепископски почеток се обединува во целина. Проблемот е Вселенската Патријаршија или Цариградскиот Патријархат. Или илузијата дека е таму проблемот. А всушност во самите внатрешности на самите центри. Белград, Атина, Москва. Но, ете и некој да мисли дека ова е смешно, сепак кај Бог нема кафез. Овој начин е измислен, можеби не делува на начин кој треба ова да биде, ама е видлив и постои. Или ќе постои.

Што се однесува до Албанците, Македонија им даде двојазичност. Со тоа сметаме дека триумфираа и тие и ние. Тие во нивната ненадминлива слабост или страст но и ние исто. 

Но, ако продолжиме да се однесуваме како прашина, реално ова може некогаш и да ескалира.

Што се однесува до ЕУ и НАТО, сметаме дека РМ има потреба од ЕУ поради финансиските примања кои се добиваат веднаш со самиот влез. Но и поради некои одредени стандарди на функционирање во бизнис сферите но на база на Увоз – Извоз. Ова на РМ и е неопходно. Поради тоа што живееме во таков декларативно-конвенционален свет. Од друга страна РМ е невиден потенцијал. Земја, Вода, Клима, Вреден Трудољубив народ, Идеи, Визии, Начитаност, Слободоумност, Вера, Љубов. Во НАТО, РМ реално нема потреба да влегува. И да рече некој дека во случај на НАТО не би случила 2001 или пак Куманово ќе згреши. Сведоци сме за нападите на запад во држави кои се земји-членки. Но сепак колку и да го критикуваме, постои некој одреден степен на заштита од ваквите работи и воена опрема со која армијата станува по силна или компетентна. Ние како портал сметаме дека не и треба на РМ директен влез во НАТО, туку само преку Грција.

НОВИОТ СОЈУЗ меѓу Република Македонија и Грција –  Т.Н ПРИЈАТЕЛСТВО е Византискиот Вистински Собор а можеби и Византиската Администрација .

Ако Русија е реален наследник на Византија и директен Воин, Херој во првите фронтови, и двигател на сите сфери кои ги опфаќа самата мистична длабочинска содржина на Поимот Византија, тогаш ваквиот Сојуз помеѓу Грција и РМ, би бил вистинскиот Собор а Русија би се пренасочила во администрирањето. Или пак обратно.

Факт е дека со ваквиот чекор ние стануваме Федерални или Кантонизирани. Со ова, самата Грција ќе мора да стане Претседателска Република по Устав. На некој начин и самата Македонија. Или пак, тоа може да биде реализирано на нов соодветен начин кој нема да бара нужност, туку едноставно Ципрас и Заев ќе го водат сето тоа. Заев има Духовник. Но, ќе мора и Ципрас. Ќе мора врвот да има Духовник. Врвот ќе мора да биде во тесна релација со Црквата поради севкупноста и пристап на ваквиот чекор. Тоа е таа ствар што не спојува нас. Ништо друго. Било од Македонија. Било од РМ. Се останува на тоа што точно и како ќе се реализира. Па според идеите и визиите ќе се создаде и нов Заеднички Устав, кој може да биде едноставно некаква Декларација или некој од нив или двете земји ќе ги променат своите Устави. Можеби сите 3. Најверојатно сите 3.

Под ваков Кантон ние ќе фигурираме како покраина но како Македонија. Нешто како Белорусија со Русија. Можеби малку подобро или полошо во фигуративна смисла. Декларациски можеби нема да биде исто.

Ако Грците имаат област што се нарекува Македонија, реалноста на нештата е дека ние ќе сме продолжение на целата таа област. Ако е потребно ќе бидеме ние Горна тие Долна но можеби и нема да има потреба од тоа.

Кантонот ќе направи еден Главен Центар на Сојузот кој најверојатно ќе биде Атина и главен Административен Центар на Македонија кој најверојатно ќе биде Скопје. Каков таков ќе има Грб каков што има Минск како админ-центар на Минсковата област. Грбот би требало да биде Пресветата Богородица со Светите Архангели Михаил и Гаврил во стоечка верзија претставена во самото Сонце или јадрото. Од нејзината утроба, Срце и Душа излегува самиот Христос ( Бого-младенецот или Богочовекот ) . Спасителот и единственото и вистинско Сонце. Архангелите се поставени паралелно и соодветно на самите зраци.

Атина има право и должност да ја штити Македонија безбедносно. Во Внатрешните работи како и во надворешните работи и во Одбраната. Тоа значи само нови пасоши ( можеби и тоа ќе биде регулирано компјутерски ) и во случај на потреба од армијата нивна за нас или наши војници за нив. Ништо повеќе !!!

Јазикот, Образованието, Науката, Даноците, Банките, Културата и се останато се на должност, власт и целосна автономија под Административниот Центар Скопје.

Но, бидејќи на тој начин се Евро-Атлански интегрираме нашите врати на Увоз – Извоз се отвораат под директна контрола, заштита и користење на подлогата на самата Грција. По нивните докажани методи Тие ќе се шират и на наше тло, а ние на нивно и надвор од сојузот – тло. На овој начин се разбива вековно наназад монотонијата меѓу овие два соседа и вечното крваво непријателство. Се отвораат врати за работа од типот на дневници, меѓу-соработка во Туризмот, Верата, Теологијата, Земјоделието, Водата. Заштита на руралните средини, национални паркови и следење на Рускиот пример. Извоз низ целиот Свет органско нешто.

Моментално Кантони се најбезбедните држави во светот. Самата Кантонизација ќе направи сигурност за нас и за другите. Дури и да гори во светот тоа нема да биде овде. Нема како ! Нема зошто ! Секој сака да јаде, да пие убаво, да се стопли, да се помоли. Да сочува некој денар. Да се заштити. Да се пресели можеби. Економски гледано, ова е неопходно посебно во вакви времиња. Луѓе освестете се. Ниту Канон ќе заштитиме ниту држава ако самите себе не се заштитиме. Моментално не се наоѓаме во време кога треба неизмерно да се страда. Се наоѓаме во специфичен период каде мораме да сме будни. Бог преку нас го исполнува ветувањето дека нема влакно на никој од неговите верни да му фали. Ако луѓето во политиката не гледаат дека во наредните 10-15 години на Запад ќе гори и дека ќе дојде до вакво нешто подобро да не се занимваат со политика. Секој Кантон функционира вака на многу полоши места, а не па кај нас или во Грција каде навистина има огормни потенцијали. Сега за сега толку во други статии ќе навлеземе во повеќе сфери конкретно !!!

Автор: Марко Атанасовски

1108 Прегледи