Џил П. Вебер, психолог од Вашингтон, тврди дека девојките уште од најрана возраст се обидуваат да создадат посреќно опкружување. Учат дека доброто однесување е полесно и поради тоа почесто им се восхитуваат. Подоцна жените продолжуваат да бараат доказ за нивната „добрина“, а ова често има лошо влијание на нивната среќа. Но постојат и „лоши“ девојки, оние кои најмногу се грижат за нивната удобност и задоволство. Па, дали треба да бидете како нив? Погледнете зошто „лошите“ девојки се многу посреќни.

1. Спијат повеќе

Жените што ги ценат убавината и здравјето му даваат предност на спиењето, Никогаш не го жртвуваат сонот за секојдневните рутини. Свесни дека ако си скратат 1 или 2 часа од спиењето ја намалуваат нивната способност за работа, како и нивната способност за донесување одлуки и оформување врски. Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија предупредуваат дека изморените партнери поретко разговараат, а ова има негативно влијание на врската. Жените би требало да го замолат партнерот да ги поделат обврските во домот за и двајцата да имаат време за одмор. Браковите каде што сопружниците го прават ова се посилни и посреќни.

2. Не им е срам од нивните хобија

Секој има некое хоби кое понекогаш се срами да го каже јавно. Но жените со самодоверба го немаат тој проблем. Не се чувствуваат поглупаво или помалку интересно ако одберат да гледаат реално шоу наместо документарец. Понекогаш е потребно да се отстранат табуата од овие задоволства бидејќи кога си ги скратувате се намалува вашата волја. Па, без разлика колку „срамно“ ви изгледа вашето хоби, одвојувајте време за него со цел да ја зголемите вашата издржливост и да постигнете повеќе.

3. Не страдаат од невозвратена љубов

Ова не значи дека сите лоши девојки се заводнички и дека не знаат како изгледа одбивањето. Она што ги прави различни е тоа што не поминуваат месеци гледајќи стари фотографии и надевајќи се за прекрасна иднина со бившиот партнер. Па што е она што им го прави преболувањето потешко на добрите девојки? Научниците сметаат дека причината е тоа што девојчињата уште од мали се учени дека нивната моќ лежи во тоа колку се сакани од другите и во нивната способност да ги задоволат другите. Откако ќе пораснат, тие продолжуваат да веруваат во ова. Одбивањето од мажите го гледаат како знак дека не се најдобрата верзија од себе. Паметните жени не веруваат во овие илузии. Тие остануваат отворени кон нови луѓе и често завршуваат со партнер кој ги сака.

4. Ги напуштаат состаноците кога другите доцнат

Овие жени го ценат своето време и не го трошат на оние кои не ги почитуваат доволно. Сообраќаен метеж, кафе на облеката и слично не се сметаат за сериозни причини за доцнење, туку за скриени знаци за непочитување. Психолозите веруваат дека со доцнењето луѓето потсвесно демонстрираат дека состанокот не е најдобриот начин да го поминат нивното време. Дури и ако навистина не можете да стигнете навреме, подобро презакажете отколку да го оставите другиот да чека.

5. Веднаш го покажуваат нивното незадоволство

Многу пати е докажано дека потиснувањето на негативните емоции е опасно за телото и врските со другите. Сепак, често луѓето ги проголтуваат незадоволството и разочарувањето со цел да избегнат расправија. Паметните жени знаат дека не можете да ја подобрите врската ако избегнувате конфликт. Со одложување на важните разговори, потсвесно почнувате да избегнувате луѓе, места и ситуации кои ви предизвикуваат негативни емоции. Колку почесто се случува ова, толку послабо се чувствувате. Поради ова лошите девојки ги искажуваат нивните незадоволства веднаш и го елиминираат проблемот.

6. Не им е страв да ја разочараат мајка им

Кира Бирдит која водела истражување на Универзитетот во Мичиген тврди дека родителите, особено мајките, повеќе се грижат за нивните возрасни ќерки отколку за синовите. Токму во оваа врска може да се забележи напнатост поради преголемата контрола од страна на родителите. Лошите девојки не се толку лоши за да ѝ наштетат на мајка им, но ја знаат разликата помеѓу слепо следење наредби и почитување на независноста на возрасната личност. Дури и ако родителите не ги сакаат нивните одлуки, нема да го променат нивното мислење и ќе преземат секаква одговорност за последиците.

7. Не се жалат за неблагодарни деца

Писателката Пег Стрип смета дека постојат 6 најлоши причини за имање дете – да имате некој кој ќе ве сака, да ги исполните туѓите очекувања, да се вклопите, да пронајдете значење во животот, да има на кого да го оставите наследството, да најдете нов сопруг или да се смирите со бившиот. Среќните, слободни жени ја немаат оваа мотивација. Тие сфаќаат 2 нешта кога сакат да станат мајки – децата нема да станат центар на нивниот универзум и децата се независни луѓе чија цел не е да ги исполнат амбициите на родителите. Овие „лоши“ мајки одгледуваат независни и емоционално постабилни луѓе. Овие деца често им се поблагодарни на родителите.

8. Не ги имплементираат идеите на совршен начин

Често ги одложуваме храбрите идеи бидејќи немаме искуство, време или финансии. Но лошите девојки сфаќаат дека недостатокот од совршени услови не треба да ги сопре. Поевтиниот миксер нема да ги спречи да направат десерти, а дипломата за електроинженер не ги спречува да научат нешто и за маркетингот. Наместо да размислувате како совршено да го завршите проектот, подобро е да се фокусирате на задоволството од него. Донесувајте ги одлуките брзо и држете се до нив, дури и ако сфатите дека планот бил премногу амбициозен. Луѓето кои имаат премногу сомнежи и постојано ги одложуваат делувањата се склони кон депресија и ниска самодоверба.

Извор – news24.net.mk

129 Прегледи